Хуманитарна акција

По повод новогодишните празници, сакајќи да го разубавиме секојдневието на старите лица, земавме активно учество во хуманитарната акција организирана од фризерската секција од Скопје. Го посетивме домот за стари лица Милица и на сите присутни им измамивме насмевка и задоволство од направените промени на фризурите.

На крај ни остана време за топол поздрав и да си посакаме пријатни празници во кругот на пријателите. А ние би додале, хуманитарните акции никогаш да не завршат.

Назад