Hair Fair Serbia

Дел од нашиот тим минатиов викенд беше на саемот за коса во Србија. Се вративме полни впечатоци од претставувањето на професионалците во фризерската индустрија. Исто така, добивме нови и корисни информации за многу козметички производи од линиите за коса. Сакајќи да пренесеме дел од атмосферата донесовме по неколку фотографии кои остануваат во нашата архива како потсетување на сето она што ќе го испланираме во следниот период. 

Им благодариме на сите од кои можевме да научиме нешто, да оствариме нови познанства и контакти и секако да размениме информации кои ќе ни бидат од корист за подобра услуга.

Ви благодариме и на сите вас, кои нѐ читате, ја следите нашата работа и сте наши клиенти, наша мотивирачка енегрија кон нови успеси. 

Назад