Кампањата за занаетчиство

Успешен почеток на имиџ кампањата за занаетчиство во рамки на проект на Усаид за развој на Деловниот Еко систем.

 

Tимот на фризери во состав Димитар Димовски, Љупчо Таневски, Сања Велевска и Емилија Карапејова, проектниот тим на Занаетчиска комора Скопје и професор од СУГС Димитар Влахов имаа интересна дружба и претставување на занаетот фризерство во две основни училишта во Скопје Живко Брајковски и Климент Охридски.

 

Успешно поминат ден имавме и со работодавачите фризери и учениците од ОУ Његош, Јурумлери и ОУ Наум Охридски с. Црешево, Општина Гази Баба. Продолжуваме понатаму!


Продолжуваме и понатаму до реализација на целта, враќање на младите во занаетчиството!

 

 

Назад