Матурски награди 2017

Грижејќи се за луѓето на кои им е потребна нашата помош, со задоволство може да соопштиме дека ќе помогнеме за овогодинешните матуранти кои се социјални случаи. Имајќи во предвид дека овие млади луѓе не може секогаш финансиски да си го дозволат уживањето во секој сегмент од подготовките за матурската вечер подготвени сме да им ја разубавиме оваа вечер.

 

Во оваа хуманитарна акција ќе доделиме неколку гратис фризури, шминка во соработка со Magdalena Medici Professional Make Up Artist (@Magdalena.MakeUp) и надградба на нокти во соработка со Диана Лазаревска (Diana Nail Studio) на млади луѓе кои се социјални случаи, сакајќи да допринесеме кон возбудата која ја носи оваа посебна вечер.

 

За оваа цел, потребна ни е ваша помош за пријавување. Доколку сте другари, познаници или во вашиот клас има млад човек кој е социјален случај, потребно е вие или класниот раководител да го пријавите со порака до нас на фејсбук. Потребни ни се име и презиме, име на училиштето во кое учат и контакти од овие млади луѓе. Ние ќе ги контактираме за да се договориме за терминот во кој ќе треба да дојдат.

 

Однапред им благодариме на сите кои ќе ни помогнат да ја поттикнеме возбудата за поубави денови на овие млади луѓе <3

Назад