Нашиот Валентајн

Љубовта на Диме и Тина :)  

 

Нашето познанство датира од пред 14-15 год на пат за семинар во Белград. Прво, бевме другари кои делеа заеднички интереси, дружби и некако спонтано ја започнавме нашата врска. Професионално, имавме иста професија и тоа ни помогна да ја зацврстиме нашата врска и да дадеме максимум од себе за да почнеме заедно да работиме и да бидеме поуспешни во сопствениот бизнис. Така, ги споивме приватниот и професионалниот живот. Од тогаш деновите беа вистинско уживање.

 

Останатото сигурно веќе го претпоставувате :) По 4 годишна врска ставивме прстен на рака, добивме две деца и бизнисот се ширеше секоја година. Од тогаш, секој роденден, прослава, Валентајн, ние сме заедно и приватно и професионално па малку е потешко да се спреми некакво изненадување. 

 

Затоа, нам ни останува да го разубавиме вашиот празник, да ве испратиме од кај нас со насмевка и задоволство и да ви посакаме на сите заљубени души "Вербата во љубовта може да биде вашата движечка сила затоа уживајте во неа со цело срце и занес" <3 <3 <3

Назад