Хуманитарна акција

На 24 април 2016г. по повод христијанскиот празник Велигден, како дел од Фризерската Секција, хуманитарно работевме во Домот за деца без родители 11 Октомври и Домот за деца без родители 25 мај.

 

На овој начин се потрудивме на децата да им овозможиме без никаков надоместок да се чувствуваат опуштено во својот нов изглед, им ги доближивме новите модни трендови за фризури, а сето тоа пропратено со квалитетни брендови на козметика. 

 

„Сите би сакале во недела да сме дома со своето семејство, но треба да покажеме интерес и за оние кои тоа никогаш го немале и да им посветиме малку внимание на тие деца.“ - вели претседателот на Фризерската секција Гоце Патровски. Ние апсолутно се сложуваме со ова и затоа се надеваме дека овој настан секоја година да биде помасовен и ќе прерасне во традиција.

 

Назад