Студиото Cut&Cut е отворено од 2006г и мисијата на која сме посветени од почетокот на нашата приказна се фризури со возбудливи линии и модерен изглед. Долгогодишното искуство е само доказ за нашата посветеност кон работата и клиентите, а внимателно избраниот и квалитетен тим на соработници се само потврда за квалитетот на услугите кои ќе ги добиете кај нас. Советите на нашите вработени и соработници кон клиентите се само чекор кон едукација за секојдневната грижа на косата.
Димитар Димовски, во јавноста познат како Диме Cut&Cut своето работно искуство досега го има стекнато во два еминентни салони. Неговата лојалност, истрајност и професионален пристап му овозможија соработка со клиенти од јавниот живот во Македонија на кои косата им е една од најважните избори за нивниот комплетен изглед. Учеството на повеќе избори за убавина и модни недели е само уште еден доказ за модерниот пристап кој е одлика и на сите вработени во Cut&Cut.